Млад дечко ќе ви покаже трик за како да гледате под вода без очила за нуркање

Сите знаеме какво е чуството кога сте во базен со очила за нуркање и одеднаш тие почнуваат да се полнат со вода, оставајќи ве да се прашувате што е воопшто нивната функција тука.

Еден млад дечко откри дека постои подобар начин да се гледа под вода, без воопшто да има потреба од очила за нуркање.

Демонстрирајќи ја техниката, корисникот на „TikTok“ @____marcelo, вели дека со втиснување на рацете околу очите за да се создаде „херметички затворена заптивка“ помеѓу рацете и лицето, можно е да се направи воздушен меур околу очите. Постојат неколку различни начини на кои тоа може да се направи: еден е да ги ставите рацете во форма на очила, но исто така можете да ги ставите на челото, како да се обидувате да видите преку прозорец.

@____marceloHow to see underwater actually works! #tutorial #swimming #trick #pool

♬ Touch Down 2 Cause Hell – Hd4president

Според Марсело, тој воздушен меур треба да ја задржи водата подалеку од вашите очи откако ќе почнете да пливате, и тој ветува дека „со доволно вежбање“ техниката може да ви помогне да гледате под вода подобро отколку со очила за нуркање.

Дефинитивно е интересна алтернатива, и ако ништо друго барем овој метод нема да ве остави со црвени кругови околу очите до крајот на денот.