Млад дечко споделува како е да се живее со 27 мајки и 150 браќа и сестри

Различни религии и верувања кои не се толку чести, ако не ги фасцинираат луѓето, тогаш барем ја будат нивната љубопитност. Една од овие религии е мормонизмот. И, се разбира, многу непознати работи оставаат простор за толкување. И покрај тоа што мормонизмот има многу исти традиции како христијанството, сепак постојат некои карактеристики што го разликуваат од другите религиозни групи. Една од овие карактеристики е полигамијата.

 

Полигамијата, или да се биде во брак со повеќе партнери, не е чест феномен. Всушност, оваа тема покренува многу прашања и доведува до сериозни дискусии за човековите права. И покрај ова, има луѓе кои решаваат да ја следат оваа религија и да водат полигамистички начин на живот. За ова тема можеме повеќе да дознаеме од корисник на ТикТок кој го користи името kayezer0, и е поранешен Мормон кој реши да го сподели своето искуство за тоа како е да се расте во во полигамно семејство со 150 браќа и сестри.

Kayezer0, чие вистинско име е Мареј Блекмор привлече големо внимание откако сподели видео каде изјави дека израснал со еден татко, 27 мајки и 150 браќа и сестри. Наскоро луѓето имаа повеќе прашања до Мареј, а тој со задоволство одговори на нив во кратки видеа на ТикТок. Како што се испостави, неговото семејство се мормони кои водат полигамистички начин на живот.

Тој сподели дека е средно дете и подетално објасни како е да се расте со многу деца во семејството. Имињата на децата кои се родени во иста година почнуваат со иста буква со цел подобро да се организира логистичкиот процес за грижа на сите деца. Мареј исто така сподели дека тие живееле во повеќе куќи и децата кои биле на слична возраст биле сместени заедно.

Неговата мајка има 10 деца, и тој е средно дете. Интересно е тоа што не сите жени имаат родено дете, а исто така само половина од децата се родени во болница. Ова и не е толку чудно ако го земеме предвид фактот дека најстарото дете во фамилијата има 44 години, а најмалото 1.

На едно од неговите неодамнешни видеа, Мареј сподели дека родителите очекуваат уште едно дете, што значи дека ќе има 151 браќа и сестри, па дури и повеќе, бидејќи со толку многу жени, ова не може да биде крај.

Тој изјави: „Додека растев, секогаш имаше еден дел од мене кој никогаш не се поврза со верувањето на мормонизмот. Останав дел од црквата за да се чувствувам како да сум со моето семејство. Дури кога созреав, решив дека не е соодветно за мене. Прво беше тешко да му кажам на моето семејство, но со текот на времето, стана полесно“.

Според Мареј, да се имаат браќа и сестри е една од најголемите предности кај големото семејство. Кога имате толку многу браќа и сестри, никогаш не се чувствувате осамено, бидејќи секогаш имате со кого да се дружите.