Млад лекар кој ги спасувал луѓето од коронавирусот почина од најнеочекуваната причина

Сите мислат дека лекарите и медицинските лица кои се борат со коронавирусот најмногу од сѐ се плашат да не бидат заразени, но ова не мора секогаш да биде случај.

27-годишниот Сонг Јинџи бил лидер на тимот во локалната клиника во провинцијата Хунан, која граничи со епицентарот на појавата Хубеи.

Тој бил задолжен да ги проверува температурите на возачите и патниците на автопатот и работел нон-стоп од 25 јануари, соопштија официјалните лица. Она што е сигурно за коронавирусот е дека голем број на лекари не стивнуваат на работните места, а токму овој труд бил фатален за младиот Сонг.

Сонг доживеал срцев удар поради напорната работа без одмор. Починатиот лекар, исто така, ја преземал единствената одговорност за дистрибуирање на медицинските материјали на Клиниката Маџи, соопштија надлежните. Сестрата на г-дин Сонг, која е две години постара, моментално е заглавена во Вухан, која е во карантин скоро две недели.

Семејството на младиот лекар е скршено, од една страна поради загубата на нивниот син, а од друга стравувањето за благосостојбата на нивната ќерка.