Млад новинар ја запроси својата девојка во облаците над Скопје
Дарко Андоновски има 28 години и е магистер по односи со јавност и новинар. Тој и го постави „најважното прашање во животот“ на партнерка Верче Додевска (26), на многу уникатен начин.
Дарко организирал лет и купил свршенички прстен за помалку од 48 часа.
Парот трабало да седи заедно на задното седиште, но откако Дарко го известил пилотот дека негова животна желба е да биде пилот, тој го седнал на предното седиште за да управува со авионот.

Првичниот план бил да ја запроси Верче над езерото Козјак, но пилотот го убедил Дарко дека Милениумскиот Крст е подобра дестинација затоа што каде и да живее во Скопје ќе има поглед на крстот што ќе го потсетува на овој посебен ден.

Точно над Милениумскиот Крст, Дарко ја прашал Верче „дали сака тој да е пилот на нивниот заеднички живот“, а таа секако одговорила „ДА“.

Летот продолжил кон Матка, а потоа слетале на аеродромот Стенковец каде што Верче ја чекало уште едно изненадување со шарени балони.

