Млад ум на генијален начин го реши најголемиот проблем кој им го загорчува животот на неговите сограѓани

Не ова не е играчка за деца, туку напротив станува збор за нешто прилично сериозно кое може да спаси многу животи. Младиот бегалец од Авганистан, Масуд Хасани како мал сакал да гради вакви „играчки“ кои се тркалаат на ветер, подоцна тој сфатил дека ваквиот дизајн може да се искористи за да се неутрализираат скриените мини низ пустината кои ги загрозуваат животите на луѓето.

Освен тоа што дизајнот е многу едноставен, се состои од железно јадро и прачки од бамбус, исто така е и многу евтино решение бидејќи неговата конструкција чини до 40 долари. Топката наречена Mine Kafon може да поднесе до 4 експлозии. Иако прачките се уништуваат јадрото останува недопрено.

Има околу 110 милиони мини кои сè уште се закопани низ целиот свет. Масуд се надева дека ќе ги инспирира другите да се приклучат кон напорите да го „ослободат светот“ од мини до 2027 година.