Млада девојка е во кома по залуден херојски подвиг да го спаси своето мало кученце

20-годишна жена се здобила со ужасни изгореници на 90 проценти од телото откако скокнала во топол извор во националниот парк Јелоустоун, во обид да го спаси своето куче.

Лајха Слајтон и нејзиниот татко, Вудрау, во вторникот го посетиле паркот и се паркирале близу „Гробниот извор на Мајден“, веднаш до реката Фајрхол.

Двете семејни кучиња, Расти и Чеви, талке во близина додека Лаиха ги барала нивните поводници во автомобилот.

Расти одеднаш ја изгорел ногата од мало истекување од гејзерот што се влева во реката. Кучето потоа се испаничило и паднало во изворот додека Вудроу се обидувал да ја преземе контролата врз Чеви.

Лајха скокнала до термалниот извор,кој може да достигне температура од 80 степени Целзиусови, во обид да го спаси своето едногодишно кученце, а потоа морала самата да биде спасена од нејзиниот такто.

Лајха, од Такома, Вашингтон, се здобила со изгореници од трет степен на телото од вратот до нозете.

Нејзиниот татко ја одвел во Вест Јелоустоун, Монтана, за да побара помош и таа била однесена со хеликоптер до одделението за изгореници во регионалниот медицински центар Источна Ајдахо во Ајдахо Фолс, се вели во соопштението од паркот.

Вудроу се здобил со изгореници на стапалото и исто така му било потребен третман.

Кученцето, Расти, било однесено на ветеринар, но не ги преживеало повредите.

Лајха, асистентка во стоматолошка ординација и поранешна помошничка во старечки дом, моментално е во медицински индуцирана кома, според страницата на GoFundMe што ја организираше нејзината сестра за да ги плати медицинските сметки.

Според неа, дланките на Лајха се „целосно исчезнати“, и вели дека на нејзината сестра ќе ѝ треба дополнителна операција, што значи дека ќе биде во болница неколку месеци.

Претставниците на Националниот парк Јелоустоун објавија за инцидентот на нивната страница на Фејсбук и ги предупредија посетителите да се држат подалеку од топлите извори.

Нивниот пост гласеше: „Земјата во хидротермалните области е кревка и тенка, и има врела вода веднаш под површината. Секој мора да остане на обележаната патека. Додека сте во паркот, заштитете ги вашите миленици со физичко контролирање во секое време. Домашните миленици мора да бидат во автомобил или на поводник долг не повеќе од шест метри“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!