Млада мајка случајно му пратила многу интимна порака на нејзиниот курир

Повеќето мајки веројатно можат да раскажат за смешни ситуации и грешки кои им се случиле поради исцрпеност со новото бебе, без разлика дали по грешка ќе го стават далинскиот во фрижидер, или ќе стават вода наместо млеко во житариците.

Но, ретко која моја да се спореди со оваа мајка од Западен Сасекс, која му пратила прилично интимна порака на локалниот курир и срамот бил неизбежен. Џесика Кортни набрзина напишала порака, во која во детали го опишала постпарталното крварење по раѓањето на нејзиниот син и мислела дека пораката ја пратила на патронажната сестра.

Сепак таа направила грешка и пораката била пратена до курирот Стјуард, кој бил прилично изненаден, се насмеал на грешката и ѝ кажал дека никој досега не го прашал вакво нешто. Сепак тој ја „советувал“ да посети лекар.

22-годишната жена се посрамотила и му се извинила на курирот, а тој вели дека ѝ одговорил затоа што не сакал да ја остави залудно да чека одговор.