Младенци се одлучија да направат свадбена фотосесија во стилот на нивната омилена серија

За многу парови, гледањето серии на Нетфликс е најубавиот начин за да се споделат заедничките моменти. Затоа можете да сфатите зошто овие младенци одлучија нивната фотосесија да биде токму во чест на омилената серија.

Ендру Ролио и Инез Џејд решиле да ја обележат својата свадбена фотосесија на необичен начин. Тие изглумиле сцени од познатата серија „Куќа од хартија“ односно „La casa de papel“. Тие облекле црвени комбинезони и маски од Салвадор Дали, а резултатот е прилично интересен.

Филипинскиот фотограф Хафид Калалес го фотографирал парот како позира со лажни пиштоли и пари во Храмот на Лиа, во градот Кебу, на Филипините, кој изгледа морничаво како Кралската ковачница на Шпанија, каде што се одвиваше дејствието на серијата.

Ендру и Инез се и здравствени работници – Ендру работи како медицински брат во одделот за критична нега во Лондон, додека Инез е лекар во Кебу.