Младенците со Даунов синдром воодушевија со првиот танц на нивната венчавка, откако биле разделени 2 години

Фион Мартин (23) и Крис Милер (39) од Кармартен, западен Велс, првпат се запознале пред три години во нивното драмско училиште. Но морале да ги поминат поголемиот дел од последните две години одделно, штитејќи се поради коронавирусот.

Постојано се слушале на камера и одлучиле дека сакаат да го поминат животот заедно. Па кога ги укинале ограничувањата поради корона вирусот Крис дошол во нејзината градина и ја запросил во јули 2020 година.

Конечно се венчале минатиот месец. А бидејќи ја делат страста кон танцот, на нивниот прием ги изненадиле гостите со нивната подготвена кореографија. Тие танцувале на песната „Rewrite the stars“ од филмот „The Greatest Showman“.

Фион рече: „Крис ме смее и ме прави личноста што сум. Тој е вистински џентлмен и тој е неверојатен“.

Додека новопечениот сопруг Крис додаде: „Фион ми го промени животот засекогаш“.

И двајцата се посвоени и сега живеат со мајката на Фион, Џенис Мартин (65), но планираат заедно да купат куќа. Џенис ја опиша венчавката како многу „посебен ден“.

„Нивниот прв танц беше прекрасен, и тие го избраа „Rewrite the stars“ бидејќи сакаа да ја препишат историјата и да докажат дека Даунов синдром не ве кочи. Секогаш кога ќе ги погледнав и двајцата беа толку среќни и насмеани. Отсекогаш и велев на Фион дека таа може да направи се“. – сподели со нас мајката на Фион.

Приемот бил одржан во академијата „Hijinx“ во Кармартен, академија за изведувачки уметности за лица со посебни потреби.

„Тоа беше магичен момент“, рече Џенис.

„Ја избрав Фион кога решив да ја посвојам и тоа го прави уште попосебен моментот кога ја видов на нејзината свадба“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *