Младенците не очекуваа дека ваков непоканет гостин ќе им упадне на свадбената фотосесија
Младенци решиле да си направат фотосесија од бајките на прекрасна селска ливада, но не очекувале дека романтиката ќе им ја уништи еден љубопитен непоканет гостин. Ребека и Брајан Пепер само што ги слушнале свадбените ѕвона се збуниле откако слушнале и ѕвоно од вратот на еден млад бик.
Откако го кажале судбоносното „да“ во една капела во Нов Јужен Велс, младенците решиле да направат и романтична фотосесија.
Бикот имал други планови
Нивниот фотограф ги видел многуте крави на теренот, но таа решила да ги користи како убав елемент и го замолила парот да ги игнорира. Но, додека младенците почнале да позираат за фотографиите еден љубопитен бик дошол директно пред камерата за да види што се случува. Сепак се на негов терен, нели?
Навидум бикот изгледал безопасен, но одеднаш се заинтеренсирал за венчаницата на невестата. За работите да станат полоши бикот се повлекол и почнал да зема зафат за напад. „Додека смртта не нѐ раздели“ не би требало да трае толку кратко зарем не?
Но, за среќа на сите младоженецот израснал на фарма и има искуство со бикови така што успеал да го избрка немирниот бик и да ја спаси невестата, но и скапиот олдтајмер што го изнајмиле за фотосесијата.
Барем ќе имаат што да им раскажуваат на внуците, за тоа како им поминала фотосесијата на венчавката…