Младиот талент Луце со нов сингл и видео запис насловен како „Оскар“ – ова е негов прв музички спот
Лука Стојмановски – Луце е новото лице на музичката естрада кој со својот талент ветува многу во кариерата која му претстои. После неколку месечна најава на својата песна „Оскар“, истата конечно е издадена.
Рецитирањето, односно рапувањето е на кумановски дијалект, бидејќи и самиот Луце ни доаѓа од Куманово. Темата е доста интересна, но пред се за помладата публика. „Се зборува“ за девојка која била злонамерна, но телото и било за оскар, како што вели Луце.
Покрај тоа што е изведувач, лично самиот е и текстописец. Ритамот е дело на Алекс Симовски (1K Chainz), а аудио инженер е Давид Ивановски. Позади камерите и видео монтажата стојат Јордан Ѓорески и Ристе Петрушевски. Улогата на издавач и извршната продукција е на Медиатор Ентертејнмент, Никола Давитков (Mediator Ent.)
„Ја користам оваа прилика да изразам голема почит и благодарност за сите чинители што помогнаа во реализацијата на проектот. Специјално благодарам пред се за подржувачите на спотот, Мотел Палма, Џем Алили (Џемс Модел Агенција), како и Худман Стор и Лондон Бутик исто така од Куманово. Без нив ова дело немаше да биде реализирано. Одлучив за првиот спот да рапувам на кумановски за да го претставам маалото и градот од каде што доаѓам во вистинско светло. Истовремено во доследност на своите корени, сакам да си го исполнам сонот и да живеам од музика, затоа и тргнав по овој кариерен пат.“ – изјавува Луце во пресрет на објавата.
Во продолжение можете премиерно да ја чуете „Оскар“ на Јутуб, а за многу скоро ќе биде ростапна и на сите музички платформи.

Коментирај анонимно