Младите Македонци станаа светски шампиони во е-спортот

Македонската „Кантер страјк“ репрезентација го освои првото место на Светското е-спорт првенство кое се одржуваше во Израел, откако во големото финале оствари сигурен триумф над Романија.

Претходно, во полуфиналето, Македонците ја победија репрезентацијата на Украина.

Македонскиот тим составен од Александар Ќулукоски „CacaNito“, Јане Апостолоски „aidKiT“, Дамјан Стоилковски „kyxsan“, Павле Стојановски „stYleEeZ“ и Кристијан Поповски „FODOR“ го совлада тимот на Романија со 16:10 на мапата „Инферно“ и 16:11 на мапата „Мираж“.

На Светското првенство учествуваа 11 тима, а нашите херои си заминаа дома со наградата од 10.000 долари.