Младите уметници од Србија и Македонија ја споија својата креативност: Утре на сцената на Битеф Театар во Белград ќе биде изведена претставата „Нора – Куќа за кукли“ која е македонско-српска соработка
Утре, 20ти февруари, со почеток од 20 часот на сцената на Битеф Театар во Белград, ќе биде изведена претставата „Нора-Куќа за кукли“ по текстот на Хедрик Ибзен, а во режија на Теодора Силјаноска.
Претставата е дел од годинешната селекција на Битеф Театар за Месецот на Независната Сцена.
Оваа претстава е првата во продукција на Интернационалниот Театарски Фестивал -ИНТЕФ, Србија и е создадена како прва претстава во продукција на фестивалот во соработка со наградените учесници на претходните фестивали од Србија и Македонија.
„Целта на овој проект беше да се соберат млади уметници од регионот како прв чекор кон понатамошна соработка и културна размена, а гостувањето и гостопримството на млади уметници на таква сцена, како што е Битеф, е од огромно значење за нас, но секкао и одговорност, радосни сме што нашиот труд е препознаен“, велат од тимот на претставата.
Претставата ја обработува темата на индивидуалноста, нејзината цена и нејзината убавина и тага. Исто така говори за големата безљубовна состојба и вината како една од главните теми на драмата. Вината има моќ да го наруши мирот на секој човек, а ако мирот е голема среќа на животот, тогаш овие ликови се несреќни. Гревот го носат на грб, во џебовите и куферите. Овој драмски текст се занимава со разбирање на другите и емпатија, преку комплицирани човечки односи, но и потрага по лична слобода како еквивалент на потрагата по среќа. Атрактивноста на овој текст секако е присутна и денес бидејќи силно зборува за жената и нејзиното место во општеството.
Во претставата играат македонските актери Марија Кондовска и Ане Блажовски, заедно со колегите од Србија Оливера Гуцониќ, Душан Симиќ, Танасије Цакиќ, Вања Павловиќ, Ивана Јокиќ.
Драматизација, музичкиот избор и режијата е на Теодора Силјаноска.
Костимите на Вања Вујановиќ, сценографијата на Наталија Матракоска, а изработка на сеценографија на Филип Рајковиќ, соработник за сценски движења е Александра Вељковиќ.
Коментирај анонимно