Младоженецот ја оставил на денот на свадбата, но таа не ја откажала забавата и продолжила без него!

27-годишната Кејли Стед, која живее во Портмид, Свонси, Велс, открила дека нема да се омажи за нејзиниот речиси четиригодишен партнер Калум Нортон (24), утрото на денот на свадбата.

И покрај скршеното срце, Кејли решила да продолжи со големиот ден, опкружена со своите најблиски околу неа, на 15 септември во хотелот „Оксвич Беј“ во Говер, Свонси, Велс.
Кејли продолжила со влезот на венчавката, оброкот, говорите, танцовите, па дури и позирала за професионални фотографии без младоженецот.

Храбрата Кејли го фрлила горниот дел од нејзината свадбена торта и го поминала својот прв танц со  нејзините браќа и татко и.
Сега живее сама, со откажан меден месец, Кејли е задоволна што сепак забавата се случила – па парите и трудот не отишле залудно.

Нејзините пријатели направија страница на „GoFundMe“ за да се обидат да надоместат некои трошоци.

Осигурителната службеничка Кејли рекла: „Го видов мојот вереник околу 16 часот на денот пред свадбата и оттогаш се немам слушнато со него“.

„Се обидовме да контактираме со него, но немав одговор од него, ниту причина зошто. Немав објаснување“.

„Тоа беше апсолутен шок, немав индикации дека ќе го направи ова, но гледајќи ги моите девојки вознемирени, ме натера да сакам да го променам денот. Не сакав да го паметам денот како целосна тага. Имаше толку многу посебни моменти, како што се мојот влез на венчавката, блескавата прошетка, првиот танц и удирањето на свадбената торта – така што сè уште имаше среќа во денот“.
„Ги потрошив сите овие пари, со нетрпение ја чекав храната, танцот со татко ми, па зошто да не?“

Ноќта пред венчавката, Кејли останала во „AirBnB“ славејќи со своите деверици додека младоженецот и неговите пријатели останале во приколка во близина на местото.

„Еден од пријателите стапи во контакт со мојот најдобар пријател за да каже дека младоженецот го нема, а мојата пријателка пак, го сокри мојот телефон за да може да одлучат кој е најдобриот начин да ми се каже веста.

„Тие сакаа да се уверат дека тој дефинитивно го нема, пред да ме паничат. Го најдов мојот телефон и видов дека имам пропуштен повик од неговата мајка. Ја побарав повторно, а таа плачеше и ми рече дека отишол да се провози со автомобилот, но оттогаш не се вратил. Во тој момент, не бев нервозна, сè уште се надевав, бидејќи во текот на нашата врска, тој понекогаш одеше на прошетка или возење за да ја расчисти главата кога беше нервозен. Неколку часа велев дека ќе биде таму и ги смирував девојките. Искрено верував, рака на срце, дека ќе биде таму. Ги замолив девојките, неговото семејство и младоженците да продолжат да се подготвуваат, бидејќи искрено верував дека тој ќе биде таму“.

Околу 11 часот, Кејли ја средувала косата и шминката, кога разговарала и со таткото на младоженецот на телефон. Таа тврди дека тој и рекол дека нејзиниот партнер нема да присуствува на свадбата.

Кејли вели: „Во тој момент ме немаше. Веднаш им кажав на моите родители, на фризерот и на снимателот дека тоа нема да се случи“.

„Како на шега, снимателот ми рече: „Зошто не продолжувате, девојки? Ги потрошивте сите овие пари, не ги враќате, сите ваши гости се таму, зошто едноставно не одите?“

А, потоа и сестра ми рече: „Зошто не го направиш тоа, Кејли?“

„Тогаш сфатив дека ќе го сторам тоа.

Останале сите пријатели на малдоженецот, како и сите нејзини пријатели, семејството и најблиските.

Со нивната поддршка, Кејли продолжила со денот што го планирала, без младоженецот и направила промени за да го претвори катастрофалниот ден во убав.

„Веројатно можете да видите неколку солзи низ моето лице, но ми се допаѓаат фотографиите. Никогаш немаше да одржам говор, но сакав да им се заблагодарам на сите што останаа затоа што не мораа. Беше многу непријатна ситуација во која се најдоа, но сите останаа“.

Таа ги спакувала работите на нејзиниот поранешен од нејзиниот дом и ги оставила кај семејството без никаков збор или објаснување.

Најдобрата пријателка на Кејли, Џорди Кален (27), кој ја отворила страницата „GoFundMe“, вели: „Кејли има златно срце и би направила сè за секого. Таа не заслужи да биде оставена утрото на денот на нејзината венчавка без објаснување и нула контакт од младоженецот. Сега ве замолуваме да ни помогнете да и помогнеме на нашата девојка, да се исчисти прашината и да продолжиме понатаму. Како нејзини најдобри пријатели и семејство, сакаме да помогнеме да изгради нов почеток за неа каде никогаш нема да мора да страда финансиски од последиците од ова тешко искушение“

Младоженецот одбил да коментира.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *