Младоженецот и попот (виц)

После венчавката во црква, младоженецот го прашува попот:
– Колку ви должам?
– Во принцип ние не земаме пари, но може да дадете донација за црквата.
– Колку?
– Па, според убавината на невестата.
Младоженецот си мисли, штом сте толку чесни, сега ќе видиме. Вади од џебот една хартиена 10-денарка и му ја дава на попот.
Попот буричка под мантијата, вади неколку метални пари и му вели на младоженецот:
– Повелете кусурот.