Младоженецот во инвалидска количка за прв пат во една деценија стана за да танцува со својата сакана

Младоженецот врзан за инвалидска количка за прв пат во една деценија стоеше, со помош на неговите пријатели, за да танцува со сопругата на нивната свадба. Поранешниот бејзбол играч Ченс Вези, од Тифтон, Џорџија имал сообраќајна незгода во 2009 година. Тој се здобил со сериозни повреди вклучувајќи оштетен ‘рбет и фрактура на неговиот 10-ти пршлен во грбот.

Но, нешто повеќе од десет години подоцна, со помош на неговите тројца пријатели Рет Хамонд, Коди Котл и Џон Вајт, Ченс се крена на нозе, ја држеше својата сопруга и полека танцуваше на нивната омилена песна, „Затоа што ме сакаше“ од Селин Дион. За танцот знаела само неговата сопруга и пријателите, а неговата мајка реагирала многу емотивно на моментот.