Многу интересна и забавна улична атракција со Кристијано Роналдо
Некој паметен човек се сетил како да ги натера луѓето да скокаат по топка на улица. Сите нам добро ни е познат фактот дека Кристијано Роналдо скокна 2,56 метри за да ја удри топката со глава. Така на улица поставиле статуа на Роналдо, со топка која што виси во воздухот точно на 2,56 метри, за луѓето да се обидат да скокнат до таа висина.
