Многу „палава“ баба побара „безобразен“ подарок за нејзиниот 100-ти роденден, затоа што нели, еднаш се живее
Елва Ларсен од Мелбурн ги изненадила сите кога ја изразила својата желба за нејзиниот 100-ти роденден. Опасната баба побарала за роденден да ѝ донесат стриптизер.
Секако домот за стари лица во кој е сместена ѝ ја исполнил желбата. Младиот Џони Стар од „Magic Men“ Австралија извршил рутинска точка облечен како пожарникар пред воодушевената Елва.
Џони вели дека бил прилично изненаден од палавата Елва: „Кога ми го соблече ременот и продолжи да ме удира со него и ме нарече лошо момче, а потоа ме штипна за задникот. Јас ѝ реков:’Не сум само парче месо, Елва“, а сите останати почнаа да се смејат.“
Организацијата била направена од страна на ќерката на Елва, Керолин. Стриптизерот вели дека најчесто останува само по долна облека, но Елва продолжила да биде заинтеренсирана, па затоа ѝ дозволил да види и нешто повеќе. Џони вели дека прифатил да ја изведе оваа точка затоа што бил прилично љубопитен како сѐ ќе се заврши.