„Мојата сопруга мрази кога работам од дома“: Мистериозниот уличен уметник Бенкси ги покажа најновите дела
Замислете да сте „гуру“ за улична уметност и одеднаш мора да останете затворени дома. Да, зборуваме Бенкси и тој како и третина од светот е приморан да остане во својот дом. Но, додека урбаните простори и бетонските платна веќе не се опција, уметникот најде домашна алтернатива за да ја покаже својата неспорна вештина.
И бањата не звучи како најинспиративно место на почетокот, но овој човек докажува дека сѐ е можно со креативност. Тој ја објави својата работа на Инстаграм со описот: „Мојата сопруга мрази кога работам од дома“ и заработи 1,7 милиони допаѓања.