Мечокот Бруно стана интернет ѕвезда откако помина над 600 километри во потрага по љубов

Црниот мечок по име Бруно стана познат на социјалните мрежи отако лута низ целата земја барајќи љубов. Бруно, наводно, ја започнал својата летна одисеја во Висконсин во јуни, и оттогаш поминал повеќе од 600 километри низ Илиноис, Ајова и Мисури – и за него се верува дека бара партнерка.

Обожавателите создадоа група на Фејсбук наречена „Keeping Bruno Safe“ на 19 јуни, која сега може да се пофали повеќе од 46,000 членови кои ги следат неговите патувања.

Бруно последен пат беше забележан во неделата наутро во округот Сент Чарлс, Мисури, откако минатата недела ја мина реката Мисисипи од јужниот Илиноис.

„Секако, колку е поголем притисок врз мечката, толку е поголема веројатноста дека ќе забележиме неповолен исход. Како што е случај, ние сакаме да ја обезбедиме безбедноста и на луѓето и на животните. “, рече капетанот Лаура Петреикис од полицијата за зачувување на Илиноис.

Одделот за природни ресурси во Илиноис соработува со локалните власти за да му помогне на Бруно да ги премине прометните патишта без да се става во опасност себеси или возачите, пренесува агенцијата.

Црните мечки се особено ретки во Илионис затоа што само 14,7 проценти од пределот е погоден за нивниот опстанок.  Пријавени се само мал број на видувања во изминатата деценија.