Моделот на Инстаграм проценува дека изгубила над 1 милион долари затоа што ѝ го „крадат идентитетот“
Алисон Паркер порано работела како келнерка, но откако направила профил на Инстаграм во 2015 година почнала да заработува и понекогаш успева да достигне и „плата“ од 7 цифри.
28-годишната девојка редовно споделува фотографии од својата совршена фигура, но сега таа има еден проблем.
Алисон тврди дека многу измамници прават профили претставувајќи се како неа, користејќи нејзини слики и барајќи пари од луѓето. Таа вели дека прв пат кога наишла на лажен профил била поласкана, но кога сфатила за што ги користат била изреволтирана.
Девојката тврди дека многу од нејзините содржини лажните профили ги продаваат во нејзино име и убедуваат мажи да им платат пари на сметка за замена на „поексплицитни фотографии“. Во моментов не постои закон во Велика Британија со кој се забранува ваквото однесување но многу кампањи вршат притисок да се прогласи за незаконско дело затоа што многу луѓе стануваат жртви на измама.
Алисон не комуницира со лажните профили, иако верува дека нејзините обиди да се ослободи од нив се залудни, бидејќи „механизмот за известување не е апсолутно добар“. Таа вели дека доколку се собере целосниот изност на сите продажби и измами кои ги прават преку лажните профили на годишно ниво најверојатно опфаќа 1 милион долари.
Девојката додава дека изреволтирани луѓе постојано ѝ пишуваат и ја обвинуваат за имама иако таа не свесна што се случило.