Модна дизајнерка од Струмица го исполни своето ветување и им го разубави денот на повеќе дечиња
19-годишната Данче Лазарова од Струмица неодамна вети дека средствата собрани од продажбата на нејзината колекција ќе бидат донирани на оние на кои им се најпотребни, децата без родители. Младата струмичанка остана достојна на своите зборови и штом моделите од нејзината колекција беа распродадени таа одлучи да го спроведе доброто дело.

Таа го посети СОС Детското село Скопје и на дечињата им однесе прибор и подароци кои ќе им бидат и повеќе од потребни за новата учебна година, исто така имаше и повеќе од потребни работи за најмладите.

Данче верува дека секое дете заслужува да има поддршка од своите најблиски и дека токму на овие деца од ранливата категорија треба најмногу да им се помогне во остварување на своите соништа.

Данче имала поддршка и од неколку јавни личности од Македонија, како Кристина Димитриевска, Александра Шијакоска, Ангела Василевска и Филип Петровски, кои исто така приложиле донации.Ова е еден убав гест на млада девојка која е на почетокот на својата кариера и ѝ претстојат уште многу животни предизвици. Повеќе за почетокот на оваа приказна можете да прочитате тука.



