„Моето бебе тежеше помалку од кутија чоколадни бонбони кога се роди, но ги победи теориите на докторите и сега е нашето „божиќно чудо“

Родителите на малиот Абел Трантер, Џорџија и Ејден, се плашеле од најлошото кога тој се родил во 24-тата недела со тежина од 1 килограм.

 

Неговото пристигнување се случило само една година откако нивниот син Џексон починал на 15 дена, откако се роди во 23-та недела со тежина од 1 килограм.

Џорџија (26), која страда од состојба на згрутчување на крвта, што всушност е и причината за предвременото породување, рече: „Губењето на Џексон беше најлошото чувство што некогаш сум го почувствувала. Како негова мајка долго време чувствував дека е моја вина. Моето тело му откажа. Но, длабоко во себе, бев многу благодарна што поминавме 15 убави денови со моето бебе“.

Двојката не планирала да има уште едно дете, но Џорџија останала бремена само неколку месеци по смртта на Џексон.

 

„Кога дознав, тоа беше најголемиот шок досега“, вели мајката.

„Ни беше кажано дека постои голема можност тој да се роди рано. Моето прво гушкање со Абел беше нешто најдрагоцено. Знаев дека ќе се бори толку тешко за да биде тука со нас, а неговиот голем брат ќе го гледа одозгора“.

Абел е роден во јуни и поминал 119 дена во неонатална единица пред да му биде дозволено да оди дома во октомври.

 

Џорџија, од Блаенавон, Гвент, го поздрави персоналот во болницата „Гранџ“ каде што беа лекувани и двете бебиња.

Таа вели: „Не би биле таму каде што сме сега без нив. Абел е борец. Медицинските сестри го нарекуваа „Стабилен Абел“ – нема сомнение дека неговиот голем брат кој го чуваше и му помогна да се бори посилно“.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *