„Моето момче заборави дека раскинав со него откако доби потрес на мозокот – сега сме во брак“
„Да се сака и да се чува, во болест и здравје — било дали ќе се сеќаваш или не“.
Една љубовна приказна од Јута ги трогна срцата на многумина, потсетувајќи на сценарио од романтичен филм. Џена Бротерсон и нејзиниот сегашен сопруг Мичел се венчале седум месеци по раскинувањето, и тоа поради неочекувана несреќа и загуба на паметење која довела до нивно повторно зближување.
„Кога луѓето прашуваат за нашата љубовна приказна, ова е нашиот омилен дел“, изјавува Џена. И двајцата, сега на 27 години, биле пријатели неколку месеци пред да започнат врска. Но, во февруари 2020, Џена решила да ја прекине врската поради животни предизвици.
Наредниот ден, Мичел имал несреќа додека скијал на планината Бивер во Јута, при што се здобил со тежок потрес на мозокот и завршил во болница. Веднаш ѝ се јавил на Џена за да го земе, бидејќи не можел да вози.
„Мислев, зошто ми пишува? Па ние раскинавме!’“, раскажува Џена во видео на „TikTok“. Но, се испоставило дека Мичел ја заборавил разделбата поради повредата.
И покрај раскинувањето, Мичел продолжил да ѝ се јавува и да ја поканува да се дружат. Набрзо, Џена сфатила дека направила грешка прекинувајќи ја врската, восхитувајќи се на неговата љубезност и внимание.
„Бев нервозна пред да го прашам дали би се вратиле заедно“, се сеќава таа. На нејзино изненадување, Мичел не се сеќавал дека воопшто раскинале.
Пет месеци подоцна се свршиле, а на 4 септември 2020 година се венчале.
Коментирај анонимно