„Моето неродено бебе ми го спаси животот кога ми беше дијагностициран рак на 23 години- ТУМОР со големина на грејпфрут веднаш до моето срце“

Зои Пластирас била во 32-та недела од бременоста кога лекарите откриле тумор од 12 сантиметри со големина на грејпфрут кој расте покрај нејзиното срце. 23-годишната девојка од Бакингемшир, Велика Британија, била возбудена што ќе стане родител со партнерот Џо Бирд (27), кога нејзиниот свет бил превртен наопаку.

 

 

 

 

На младата козметичарка минатата година на 23 декември ѝ бил дијагностициран не-Хочкинов лимфом во втората фаза, по раѓањето на нејзината ќерка Офелија на 4 октомври.
Зои открива дека доживеала само два помали симптоми – останување без здив и кашлање кога лежи – и немала никаква семејна историја на рак.

 

 

Новата мајка верува дека Офелија „и го спасила животот“ затоа што, доколку не била бремена, лекарите можеби не би го пронашле туморот толку рано.
„Еден ден почувствував дека не можам да дишам и мислев дека е чудно затоа што никогаш не сум имала здравствени проблеми. Сите ми велеа дека тоа е само затоа што сум бремена, но сепак отидов директно во болница“, рече Зои.

На 10 септември, скенирањето ја открило огромната маса што растела во нејзините гради, што предизвика загриженост.

 

 

„Бев толку загрижена, но бидејќи бев бремена, лекарите можеа да направат ограничени тестови за да проверат што не е во ред“, додаде таа.

Отишла на магнетна резонанца, рендген на граден кош, тестови на крвта, но ракот не можел да се утврди без биопсија. Лекарите го проверувале нејзиното срце и сакале да избегне поголем третман додека била бремена, па затоа биле среќни што Зои продолжила. Тсе породила по природен пат во 37-та недела и имала итен царски рез.

Откако се родила Офелија, нејзините симптоми се влошиле. Таа изгубила 12,7 килограми за една недела и кожата ѝ се исфрлила.
„Доколку докторите се решеа да направат операција значеше дека нема да можам да ја земам ќерка ми три месеци“, рече таа.

„И јас тогаш ќе имав лузна од вратот до градите. Не сакав да одам по тој пат“.

Зои имала две иглени биопсии кои и двете се покажале како неуспешни, а потоа била примена во болница на 19 декември на хируршка биопсија пред да биде дијагностицирана неколку дена подоцна. Бидејќи масата била канцерогена, лекарите ја отфрлиле идејата за операција на отворени гради и наместо тоа се одлучиле за хемотерапија.

Туморот бил кесичка на база полна со течност, поради што првичните тестови за биопсија не успеале.

 

 

 

Пред шокантната дијагноза, животот бил совршен за младиот пар кој ја купил својата куќа од соништата кога Зои имала 21 година и планирала да основа семејство.

„Бев целосно шокирана. Ракот никогаш не ми паднал на ум, немаше начин. Беше вистинска пресвртница, бидејќи го стави во прашалник целиот мој живот“, рече Зои.

„Кога ни ја соопштија веста, јас и Џо отидовме дома и плачевме“.

Зои започнала со хемотерапија на 17 јануари до 28 март. За среќа, таа не доживеала никакви „драстични“ симптоми освен опаѓање на косата и го опишала третманот како „брутален“. Туморот се намалил од 12см на 3см, но сè уште била откриена активност на рак во малата преостаната маса. Поради ова таа имала 18 круга на радиотерапија. Потоа требала да чека три месеци за ПЕТ скенирање на 17 октомври.

Сега таа ги чека резултатите од последното скенирање за да види дали и понатаму има рак.

Зои го објасни и соодветното значење зад името на Офелија. Таа ја споделува својата приказна на „Инстаграм“ за да ја подигне свеста за ракот под името @lymphomaawarenesszoe. Таа се надева дека нејзината приказна ќе ги поттикне другите да бидат свесни за симптомите на лимфом.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *