Мохамед Салах критикуван од муслиманските фанови откако објави најнова слика со семејството пред Божиќната елка: „Нема да постигнеш гол до крај на сезоната, затоа што го навредуваш Алах“

Мохамед Салах повторно е критикуван од неговите муслимански следбеници откако сподели фотографија на која тој и неговото семејство позираат пред Божижна елка.

Ѕвездата на Ливерпул, кој е муслиман, ја објави фотографијата со насловот „#MerryChristmas“.

 

Како што стана традиција за него, неговата сопруга Маги и ќерките Макка и Кајан, сите позираат во исти пижами за неговата божиќна објава, насмеани пред елката,

Муслиманите традиционално не го слават Божиќ, кој е христијански религиозен празник, но некои учествуваат во празничните активности што се случуваат за време на христијанскиот празник.

 

„Ме разочара, брат“, напиша еден корисник на Инстаграм, каде Салах ја сподели објавата со своите 63,7 милиони следбеници.

„Избриши го ова веднаш,“ напиша друг, додека трет коментираше: „На овој степен само сум разочаран од тебе, брат.“ Друг рече: „Ние муслиманите се угледуваме на тебе, а ти вака ни враќаш,“ придружено со три емотикони што плачат.

Сепак, други го бранеа Салах. Еден фан напиша: „Среќен Божиќ, Мо. Игнорирај ги овие идиоти. Се надевам дека ти и твоето семејство ќе имате заслужен празничен период.“

 

Салах е во одлична форма оваа сезона, постигнувајќи 15 голови и додавајќи 11 асистенции, со што води во трката за „златната копачка“.

По одличниот настап против Тотенхем во последниот натпревар на Ливерпул, стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој забележал 10 голови и асистенции пред Божиќ.

Тој треба да игра против Лестер на „Боксинг деј“ за Ливерпул, но тоа не ги спречи фановите да го критикуваат под неговата објава.

 

Еден следбеник напиша: „Со сите предупредувања, сепак продолжуваш и го објавуваш ова. Нека Аллах те води на вистинскиот пат. Од сега ќе те отследам од сите платформи и ќе те блокирам. Срамота. Исто така, престанувам да гледам натпревари на Ливерпул засекогаш“.

Друг напиша: „Запомни ги моите зборови, нема да постигнеш гол до крајот на сезоната затоа што го навредуваш нашиот сакан пророк Мухамед и целата муслиманска заедница.“

Објавите на Салах за празниците секоја година предизвикуваат бесна реакција од неговите муслимански следбеници. Сепак, очигледно е дека нема намера да ја прекине традицијата која ја има со своето семејство.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *