„Моите пријателки не ме поканија на Божиќната вечера бидејќи сум премногу убава и ќе искушувам нивните мажи“

Марина Смит, 34, од Сао Пауло, Бразил, си има проблем што е многу убава.  Инфлуенсерката верува дека токму тоа е причината зошто нејзините пријателки ја изоставиле од нивните планови за празничната вечера.

„Ми забранија да дојдам на Божиќната вечера бидејќи жените мислат дека ќе им ги украдам мажите. Се плашат дека ќе ги искушам нивните сопрузи и момчиња.“ изјави Марина.

Таа дознала за ова преку момчето на една од своите пријателки, кој ѝ кажал дека е создадена WhatsApp група во која таа не е вклучена.

„Момчето на една од моите пријателки ми кажа дека во групниот чет дискутирале дали да ме поканат, бидејќи се плашеле дека мојата убавина и статусот на сингл жена ќе привлечат несакано внимание од нивните сопрузи и момчиња,“ изјави Марина.

 

Говорејќи за својот турбулентен љубовен живот, Марина, која е сингл од почетокот на 2024 година, изјави: „Мојата последна врска не заврши добро. По раскинувањето, моето поранешно момче дури и ми побара пари за сметка за кафе што ја делевме додека бевме заедно Тој секогаш сакаше да делиме сè. Делењето трошоци не беше проблем, но тоа стана исцрпувачки, па врската траеше само осум месеци.“

„Многу сум селективна кога станува збор за мажите со кои се впуштам во врска. Не брзам и не сум жена што бара постојано внимание.“

Но, тоа не ја спречува Марина да се чувствува изневерено од своите пријателки.

„Бидејќи сум сингл, тоа веќе ми ги ограничува излегувањата и патувањата со пријателите, бидејќи тие сега излегуваат со своите партнери. Но, сега мојот статус на сингл жена и убавината се причина за нивната несигурност!“

Инфлуенсерката инсистира дека носи шминка и облека само за себе, а не за другите. „Се облекувам за да се чувствувам добро… проблемот не е во мене, туку во мажите кои мислат дека сум ‘препремногу убава за да бидам реална’.“

Марина открива дека планира да се соочи со своите пријателки и да им „каже неколку вистини“.

„Никогаш не направив ништо за да се приближам до нивните партнери. Ги почитувам нивните врски. Мислам дека тоа беше љубомора од нивна страна. Им верував на пријателките безусловно, но очигледно тие не ми верувале мене. Штета, бидејќи ќе ја изгубат најдобрата пријателка што можеле да ја имаат“, рече таа.

 

И покрај конфликтот околу нејзиниот изглед, Марина тврди дека нема да дозволи тоа да ѝ го расипе Божиќот.

„Се надевам дека нема да го променат мислењето и да ме поканат, бидејќи одговорот е „не доаѓам“! Мислам дека би се чувствувала непријатно, па ми е мило што дознав сега, наместо ден пред Божиќ. Во овој момент, повеќе би сакала да го поминам Божиќ сама дома. Да, сум убава жена, но тоа не е причина пријателките да ме откачат“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *