„Моите родители не можеа да си дозволат матурски фустан за сестра ми, па решив работата да ја превземам во мои раце. Искрено не ми се верува што излезе од целата ситуација!“

Понекогаш, кога се чини дека нашите желби никогаш нема да се остварат, се случува чудо и го добиваме токму она што го сакаме. И хероите во нашата денешна статија не се исклучок. Родителите не можеле да си дозволат да и купат фустан за матурата на ќерката, што не ѝ оставало друг избор освен да ја пропушти матурата, освен ако не се случи чудо. Гледајќи ја својата сестра тажна, братот на девојчето, Маверик Франциско Ојао, се вклучил да помогне и решил самиот да го изработи фустанот од материјалите што успеал да ги купи. Приказната стана неверојатно популарна на „Фејсбук“ каде Маверик го сподели целиот креативен процес.

Ние сакаме приказни со среќен крај и оваа приказна е една од нив!

 

 

Маверик се чувствувал крајно тажен поради целата работа и тогаш ја добил идејата да создаде фустан од достапните материјали што може да ги најде на пазарот. Но, бидејќи беше толку тешко да се заврши, тој се откажал. Меѓутоа, гледајќи ја својата сестра толку тажна, Маверик решил да се обиде уште еднаш. Прелистувал различни типови балски фустани на „Јутјуб“ и „Гугл“ и наишол на пролетната и летната колекција на Мајкл Синко каде го нашол фустанот што решил да го создаде со свои раце.

 

 

„Ова беше мојот прв ден. Бев нервозен и не знаев од каде да почнам. Исеков 9 парчиња сина ткаенина, ги украсив со сатенска лента и сите ги сошив за да направам здолниште“.

 

„Бидејќи немаше простор внатре во куќата, го пробавме здолништето надвор. 50% од работата беше завршена – фустанот на сестра ми беше речиси завршен“.

„Нацртав омбре сино елече за да се вклопИ во палетата на бои на долниот дел од фустанот. Се враќав од училиште и работев на тоа. Понекогаш бев крајно уморен, но замислувајќи го исходот, добивав енергија да продолжам со напорната работа“.

 

„Она што најмногу ми се допаѓа од целиот фустан се ракавите“.

„И конечно – ден кој никогаш нема да го заборавам! Дури и плачев од радост бидејќи сите тие непроспиени ноќи се исплатеа“.

„И еве ме со сестра ми. Не очекував да го завршам на време. Дури се сомневав дали можам да го направам ова или не, бидејќи концептот беше различен од она што веќе го правев. Среќен сум што ја гледам сестра ми среќна“.

 

  • Caci напиша:

    Ova od nekoj shto prv pat go raboti
    Prosto neverovatno..mi lichi na izmislena prikazna

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *