„Мојата 12-годишна ќерка има список со желби за божиќни подароци од 5.000 долари… еве зошто ќе ѝ купам сѐ што ќе посака”
Мајка на четири деца ја бранеше својата одлука на нејзината ќерка да ѝ купи сè што е на нејзиниот божиќен список – иако тоа вкупно изнесува повеќе од 5.000 долари.

Роксана Лоја (34) го родила своето прво дете кога имала само 16 години со сегашниот сопруг, а откако пораснала во домаќинство со ниски приходи е решена да им го даде на своите деца животот што никогаш го немала.
Роксана, од Феникс, Аризона, која исто така има уште две ќерки и еден син, првично не планирала да ѝ купи на Одри сè што е на списокот со желби за подароци.
Мајката на четири деца изјави за „People” дека тоа звучи клише, но бидејќи и двајцата пораснале „многу сиромашни“, тие „склучиле договор“ да работат заедно за да го направат тоа поразлично за нивните деца.
Сепак, Роксана, која поседува три бизниси во здравството со нејзиниот сопруг, објаснија дека на крајот купила сè што било побарано.
„Мајка ми мисли дека сум луда“, признала таа. „Пораснав во многу конзервативно домаќинство, каде празниците значеа купување долна облека и чорапи. Таа мисли дека сум луда за тоа колку се разгалени моите деца, но тоа е само она што можеме да го обезбедиме, и тоа е во ред.
Екстравагантниот божиќен список неодамна стана вирален на TikTok откако Роксана откри дека списокот на нејзината ќерка изнесува вкупно 5.000 долари. Ќерката на Роксана, за која рече дека е „иста како неа“, создала голема листа за божиќни подароци – споделувајќи ги нејзините најбарани предмети.
„Ако го погледнете списокот сега, таа додаде уште илјада работи на него“, објаснила мајката.
„На секои пет секунди, дури и кога е на училиште, добивам известувања со зборовите: „Одри ја ажурираше својата листа, Одри ја ажурираше својата листа“. Морам да и пратам СМС и да и кажам: „Девојко, остави го списокот. Готово е. Нема повеќе. Не додаваш ништо друго!“, додаде таа.

Нејзиниот список вклучувал пар хеланки „Lululemon” од 98 долари, неколку „Adidas Sambas”, дигитален фотоапарат, дигитален фото печатач и приклучок за полнење, футроли за телефони од над 35 долари и некои производи за шминка од високата класа од „Charlotte Tilbury” и „Carolina Herrera”.
Таа дури создала систем за рангирање на предметите што најмногу ги сака, а подароците што најмногу ги посакувала биле напишани во виолетова боја.
Девојката знае што сака и не е подготвена на компромиси“, се пошегува таа во описот на видеото.

Коментирај анонимно