„Мојата долга коса почна да опаѓа во огромни количини, откако се преселив на Бали. Не излегував од дома затоа што бев тажна, но потоа ја открив шокантната причина“

Сопственичка на бизнис, по име Холи Мари (27) од Кардиф, Велика Британија доживеала трауматично опаѓање на косата додека живеела на Бали, за што подоцна била откриена причината. Името, коаста почнала да ѝ опаѓа поради тврдата вода за секојдневна употреба на островот.

 

 

 

Холи, која се преселила на Бали во 2021 година, забележала дека нејзината долга руса коса се проретчува во текот на неколку месеци, за на крајот да вади и огромни „туфки“ влакна додека се бања. Таа била принудена да ја избричи главата, поради што се чувствувала толку непривлечно и останала затворена во куќата два месеци.

 

 

 

Првично, Холи мислела дека причината може да биде стресот, сонцето, па дури и алопеција. Сепак, фризер подоцна ја известил дека најверојатно е виновна тврдата вода на островот. Решена да ги спречи другите да поминат низ слично искуство, Холи го документира своето искуство на „TikTok“, каде нејзиното видео стана вирално и собра речиси 787.000 прегледи. Таа ја покажа застрашувачката количина на коса што паѓала секој пат кога се обидувала да ја исчешла косата.

 

 

 

Сфаќајќи дека проблемот лежи во водата од чешма на Бали, Холи решила да преземе акција со започнување сопствен бизнис со филтри за тушеви, во декември 2022 година. Овие филтри, дизајнирани специјално за тврдата вода во Југоисточна Азија, имаат за цел да ја заштитат косата и кожата. Холи сега има коса до рамениците и вети дека секогаш ќе користи филтер при туширање. Таа се надева дека ќе ја подигне свеста и ќе спречи другите да го доживеат истото.

 

 

 

Холи ја нагласува важноста од користење на филтер, особено за оние кои планираат да останат во регионот подолг период. Нејзините филтри се компактни, лесни за прицврстување и дизајнирани да ги спречат штетните ефекти на тврдата вода, нудејќи им мир на патниците.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *