„Мојата ќерка има 6 недели, но веќе има подобра гардероба од мене со облека од „Шанел“, „Хермес“ и „Диор“ – сега ќе ѝ купам чанта „Луј Витон“ за Божиќ
Мајка откри дека го разгалува своето новороденче со раскошни дизајнерски предмети, вклучувајќи „Шанел“ чанти и ќебиња за бебиња „Хермес“.
Шестнеделната Квинјана, е исто толку гламурозна како и нејзината мајка Флорентина Канингем. Бебето Квинијана веќе собра завидна модна колекција, вклучувајќи неверојатна „Шанел“ чанта, ќебиња од „Луј Витон“ и „Хермес“, луксузни комбинации на „Диор“, „Версаче“ и „Бурбери“ и што уште не.
27-годишната девојка призна дека потрошила повеќе време за стилизирање на скапите облеки на нејзината ќерка отколку што правела за себе.
„Таа веќе има подобра гардероба од мене“, вели Флорентина.
Квинјана ја добила својата прва чанта „Шанел“ уште пред да се роди, додека нејзината импресивна колекција на раскошни тоалети и додатоци продолжи да расте.
Флорентина имала и многу нарачани облеки направени од дизајнер во Италија за да ја облече Квинјана од моментот кога се родила. И додека мајката признава дека нејзините начини може да се сфатат како „екстравагантни“, таа вели дека тоа е соодветно однесување за кралицата што отсекогаш ја посакувала.
Флорентина се присети дека била бремена и дека очајно се надевала дека ќе роди мало девојче.
„Мојот сон беше да имам девојче и едвај чекав да го запознаам моето девојче и да го разгалам со прекрасни работи“.
Самата Флорентина ужива да биде забележана меѓу толпата, чувство што се рефлектира во тоа како таа се облекува и го разгалува своето преслатко девојче.
A da si kupi i malku mozok za sebe ne bi bilo loso
Коментирај анонимно