„Мојот маж е херој!“ 37 годишна мајка застана во одбрана на својот сопруг, откако беше обвинет за убиството на семејниот „пријател“ кој ја киднапирал и силувал нивната ќерка

Разгневена мајка од САД, изјави дека го поддржува својот сопруг по неговото апсење, за убиството на 67-годишен маж кој ја киднапирал нивната 14-годишна ќерка.

 

 

 

Хедер Спенсер, 37 годишна мајка, објасни дека нивната ќерка била мета на Мајкл Фослер, пријател на семејството, кој за сето тоа време ја злоупотребувал и силувал нивната ќерка. Фослер бил уапсен за интернет предаторство и силување, но бил ослободен со кауција.

 

 

 

Минатата недела, Хедер и нејзиниот сопруг Аарон, сфатиле дека нивната ќерката исчезнала. Аарон веднаш тргнал во потрага по неа, додека Хедер се јавувала во полиција. Тој го нашол Фослер со нивната ќерка, по што започнала потерата и од страна на полицијата. Аарон ја спасил својата ќерка, но бил нападнат од Фослер, па го застрелал.

Хедер го нарече својот сопруг херој и побара донации за правните трошоци. Таа рече: „Мојот сопруг е воен ветеран кој секогаш ја штител својата земја и семејство. Сигурна сум дека нашето дете немаше да се врати дома ако тој не ја пронајдеше“.

 

 

 

Полицијата во округот Лоноке потврди дека настанала конфронтација меѓу двата мажи, што довело до пукање. Фослер починал на местото на настанот, а Аарон бил приведен со првични обвиненија за убиство од прв степен, што може да резултира со доживотен затвор.

Многумина на социјалните мрежи ја критикуваа полициската постапка, барајќи правда за Аарон, кој го нарекуваат херој. Хедер истакна дека работат на собирање средства за правната битка, откако нивната страница за донации била отстранета од интернет.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *