„Мојот поранешен дечко НЕ користеше тоалетна хартија, па му раскинав… Не можев да издржам!“

Една жена на „TikTok“ ги шокираше гледачите на интернет, откако откри дека нејзиното поранешно момче не користело тоалетна хартија – што на крајот довело до тоа таа да му раскине.

 

 

 

Александра Марија Клара, од Тампа, Флорида, детално ја опиша нејзината ситуација со момчето. Во клипот, таа вели дека отишла во тоалетот во куќата на нејзиниот неименуван поранешен и сфатила дека му снемало тоалетна хартија .. или така мислела таа во тоа време.

„Реков: „Еј, немаш тоалетна хартија“. „И тој рече: „О, извини“, а јас бев како „добро е, имам марамчиња“.

 

 

За жал, кога Клара повторно отишла кај него видела дека тој се уште нема купено хартија. Повторно, таа веднаш го информирала за проблемот, но тој рекол дека едноставно „заборавил“. Дури кога парот отишол во продавница за да земе грицки, таа дознала дека тој не ни планирал да купи хартија.

„Одиме до „Таргет“ и јас реков: „О, додека сме тука, ајде да земеме тоалетна хартија“, а тој ме гледа во очи и вели: „Нема да го сторам тоа“.

„Затоа што не користам тоалетна хартија.“

 

 

Згрозена од неговата навика, Марија Клара прашала што да користи додека е во неговата куќа. Тој одговорил дека треба да користи само „влажни марамчиња“.

Таа му дала шанса и пробала да го разбере околу оваа ситуација, но едноставно врската набргу се завршила, а токму тоалетната харија била и една од причините за тоа.

  • JoSiF напиша:

    Можит користит вода наместо тоалетна……

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *