„Мојот развод ме чинеше 75.000 долари- еве како го искористив моето искуство и сега заработувам пари благодарение на тоа што се разведов“
Мелани Карсон (44) била преплашена кога требала да плати речиси 75.000 долари за правни трошоци за нејзиниот горчлив развод – и затоа сега таа се обидува да им помогне на другите жени да ги избегнат истите финансиски замки со кои некогаш се соочила.

Самопрогласената „Ерин Брокович на разводите“ отворила своја компанија за стратегија за развод, „Диспартио“, за да им помогне на луѓето да се снајдат во скапите разделби.
Кога Карсон започнала сопствена постапка за развод во 2016 година, таа вели дека и било кажано дека тоа ќе чини 25.000 долари – но на крајот тоа било тројно повеќе. Лондончанката останала во шок по нејзиниот деветмесечен развод и рекла дека нема никогаш да дозволи истото да му се случи на некој друг.
Поранешната работничка за ментално здравје се посветила на истражување на правни експерти, медијатори, финансиски советници и адвокатски фирми, делувајќи како еден вид „советник за развод“ за нејзините клиенти. Таа вели дека заработува околу 62.000 долари годишно од тоа.

Таа ги охрабрува клиентите да направат колку што можат самите, но каде што не можат, таа и другите експерти помагаат да им се најде „тим за поддршка“ кој ќе ги води низ остатокот од нивниот развод.
„Не нудам правен совет, но она што го правам е да ги освестам за други алтернативи за да го постигнат својот исход“, изјави Карсон за „Кенеди њуз“.
Гледајќи наназад, Карсон рекла дека можела да избере да се застапува себеси или да склучи сопствен договор за време на нејзиниот развод, но не знаела поинаку.

„Треба да бидете малку тактични, сакав да се погрижам луѓето да не се плашат како јас“, рече таа. Таа објасни дека во тоа време немала пријатели кои поминале низ развод и немала од кого да побара совет.
Иако Карсон не би „посакала развод никому“, таа признава дека се чувствува „благодарна“ на нејзиниот поранешен сопруг, бидејќи тој ја инспирирал нејзината новооткриена професија.
„Го сакам она што го работам и знаењето дека можам да им помогнам на другите луѓе да поминат низ еден од најтрауматичните настани во нивниот живот е навистина наградувачко“, изјавила Карсон.

Коментирај анонимно