„Мојот син беше избркан од спортскиот тим затоа што се сликав за Плејбој – сега ќе се селиме од оваа мизерна средина“
Сара Блејк Чик, поранешна сопственичка на салон и мајка на четири деца, живеела мирен живот на шест хектари фарма во Флорида – додека не почнала да заработува преку OnlyFans, каде што стекнала слава и богатство за време на пандемијата. Но откако нејзиниот син бил исфрлен од локалната хокејарска арена, Сара решава дека е време за радикална промена.
„Нè избркаа поради мојата работа“
Сè кулминирало кога нејзиниот десетгодишен син бил избркан од хокејарскиот тим. По вербална расправија меѓу родителите на трибините, Сара добила е-пошта во која ѝ било кажано дека таа и нејзиното семејство повеќе не се добредојдени во салата поради „неприфатливо однесување“. Според Сара, вистинската причина не била таа расправија – туку нејзината професија. Таа верува дека била казнета затоа што се фотографирала за OnlyFans и Плејбој.
Бегство во градот каде „никој не те осудува“
Фрустрирана од „малограѓанството и осудата“, таа се сели повеќе од 3.000 километри подалеку – во Лас Вегас. Денес, живее во куќа вредна над милион долари, во затворена заедница со поглед кон легендарниот Вегас Стрип. „Одлучив да се преселам затоа што овде има многу повеќе можности – а и моите деца конечно се меѓу луѓе со отворен ум“, рече таа.
Нов живот, нова енергија
Сара вели дека се чувствува многу посреќно, а нејзините фанови први забележале разлика во нејзиниот изглед и енергија. „Сега само се смеам на сите оние несреќни луѓе што останаа на мразот и се разведуваат“, додава со доза сарказам.
Нејзините деца сега тренираат американски фудбал во една од најдобрите младински програми во САД, а нејзината кариера цвета. „Во Вегас е сосема нормално да видиш ‘згодна мама’ на улица. Конечно не се чувствувам како црна овца.“
Шо мислеше, шо мислеше… Ка се сликаше?!
Коментирај анонимно