„Мојот син најде метална нараквица додека го шеташе своето куче – подоцна откривме колку навистина била вредна и стара!“

12-годишно момче од Велика Британија споделува како открил ретка златна римска нараквица додека го шетал своето куче на поле во областа Пагам во Англија.

Роуан Бранан бил со својата мајка Аманда (44) пред две години кога забележал нараквица кој датира од пред 2.000 години.

 

 

„Роуан отсекогаш барал секакви парчиња, тој е голем авантурист и секогаш собира работи од патот“, објасни Аманда.

„Секогаш велам: „Спушти го, валкано е“, но во оваа прилика тој продолжи да го држи ова парче метал, убеден дека тоа е вистинско злато“, продолжи таа.
Роуан ја однел нараквицата во нивниот дом во Богнор, Сасекс и истражувал како да открие дали е вистинско злато. Ги исполнувала сите критериуми на списокот за проверка – но тогаш се уште не сфатиле дека среќното откритие на Роуан е нешто многу посебно.

 

 

Фризерката што дошла кај нив дома им кажала дека нараквицата треба да се провери, па ја пратиле да се анализира.

Аманда открила дека накитот е римска нараквица од првиот век од типот армила.

 

 

„Армила нараквица им била давана на римските војници како знак на почит, храброст и услуга“, изјави Аманда.
По процесот на вреднување, на Роуан му беше кажано дека тоа е „исклучително ретко откритие“ за некој што едноставно бил на прошетка со своето куче.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *