„Мојот син отиде на својата матура во вреќа како МРТВО ТЕЛО – неговите соученици и наставниците нема да го заборават тоа никогаш“

Тинејџер од Велика Британија пристигнал на својата матура во ќеса за човечко тело и направил несекојдневен трик.

 

 

 

„Тие ќе го паметат тоа во годините што доаѓаат“, рече мајката на момчето, Лаура Џејмсон (38), која помогнала во планирањето на шегата. Нејзиниот син Лукас, кој завршил 11-то одделение, сакал да направи незаборавен момент од настанот. Откако ја отфрлил можноста за изнајмување хеликоптер, тој решил да биде исфрлен од комбе како мртовец – идеја предложена од семеен пријател. Неговата мајка мислела дека тоа е „брилијантна идеја“.

„Секогаш е навистина добро да се биде оригинален и да се размислува за нешто поразлично“, рече мајката на четири деца. Меѓутоа, Лаура, се плашела дека би можела да западне во неволја за купување на такви сомнителни предмети, објаснувајќи: „Ако некој ме гледаше, веројатно ќе си ја повикав полицијата сама на прагот“.

 

 

 

Пријателите на Лукас првично се двоумеле околу изведбата на бизарната акробација, но на крајот се согласиле откако тој им рекол дека не можат да го придружуваат на матурата доколку не учествуваат. Пред забавата, мајката ги известила наставниците за нивниот план за да можат да фотографираат – а исто така, веројатно и за да не ги повикаат властите.

Кога дошол големиот ден на 6 јули, очувот на Лукас, Дин Џејмсон и двајца нивни пријатели носеле маски, го возеле детето до местото на настанот и му помогнале да влезе во торбата. Тие потоа го извадиле лажниот труп од комбето и го легнале на земја пред да го отворат.

 

 

Сите наставници рекоа дека тоа е апсолутно оригинално“, рече Лаура.

„Мислам дека сите засекогаш ќе го паметат тоа, а мислам дека ќе го паметат и оние што го виделе на интернет“.

  • Филип напиша:

    Каква креативност!
    Се воодушевив.
    Останав без зборови.
    Ова е лудило, врв…
    Како ли само им текнало вакво нешто?

    МИЗЕРИЈА ВО БОЈА !!!!

  • Trump напиша:

    Debili i tie nas nazad sme bilee Aloooooo stokaaa

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *