„Мојот син се ожени и сега сум свекрва. Ова е мојот совет што сакам да им го дадам на останатите свекрви: „Замолчете!”

„Кога луѓето што ги познавам ќе дознаат дека не се мешам во семејниот живот на мојот син, нивните очи се шират од изненадување. И воопшто, тие мислат дека сум рамнодушна и себична. На крајот на краиштата, можно е мојата снаа да не е доволно добра, а на син ми му требаат мои совети и поддршка. Имам различно мислење за оваа работа. И, како што се испостави, не сум сама во ова”.

 

1. Жената се обидува да им даде совети на другите свекрви како да се однесуваат

 

Како свекрва, имам некои совети да ви дадам. Тоа е советот што ми го даде мајка ми за да бидам свекрва. Едноставно и лесно е да се запомни: „Држи ја устата затворена, тоа не е твоја работа!“
Сериозна сум, твојот син ја избра оваа жена. Тој се обврза дека ќе ја поддржува над сите други (тоа значи дека и над тебе). Отиде на свадбата и седнатаму и не кажа ништо против. Во основа, ти вети дека ќе го поддржиш нивниот брак. Вети дека ќе го признаеш и ќе го поддржиш нивниот сојуз.
Тие деца што таа ги раѓа не се ваши, тие се нејзини и негови. Што прават тие и како ќе изберат да го направат не е твоја работа. Само ако има насилство имаш обврска да проговориш. Во спротивно, држи ја устата затворена.

 

 

Првата можност кога ги сфатив мудростите на мајка ми беше на нашата заедничка вечера. Нејзиниот татко седеше покрај мене на трпезата. Тој рече: „Едвај ги чекам големите бебиња!“
Снаа ми поцрвене и ме праша што мислам на темата. Ја прашав дали сака искрен одговор. Таа рече да. Еве го одговорот што ѝ го дадов.
„Искрено, тоа не е моја работа. Тоа е вашиот брак со вашиот сопруг, вие двајца сте единствените што може да кажете кога е правилно да имате деца. Затоа, не дозволувајте некој да ве притиска“. Таа се насмевна и рече: „Ти благодарам, ќе се сетам на тоа“.

 

Сега имаат две деца и јас ги чувам често. Дали тие прават некои работи поинаку од мене? Секако дека прават. Времињата се менуваат!
Ако мислам дека е важно, му кажувам на мојот син приватно. Потоа тој може да игнорира, или да разговараат за тоа и што сакаат нека  направат. Никогаш повеќе не го изнесувам мојот став.

 

Како резултат на тоа, имам одличен однос со прекрасната, талентирана, паметната, убавата сопруга на мојот син. Добредојдена сум во нивниот дом, бидејќи таа ми даде клуч и ми рече дека можам да отидам кога и да посакам.
Ако сакате место во нивните животи, молчете!