„Мојот сопруг ја запроси мојата старосватица на денот на НАШАТА свадба – но кој последен се смее, најслатко се смее“

Имам 31 година и се подготвував да се омажам за мојот поранешен свршеник (30), кој ќе го наречам Ноа. Се запознавме во средно училиште, почнавме да се забавуваме во втората година и останавме заедно низ факултетот. По факултетот, Ноа ми предложи брак на романтичен начин, на зајдисонце на плажа.

Мојата старосватица Гиа (31), ми е најдобра пријателка од градинка. Таа имала многу врски низ годините и секогаш нè поддржувала мене и Ноа. Кога Ноа ми предложи брак, Гиа беше таму и помогна со планирањето. Ние ја планиравме нашата свадба и сè одеше добро. Избравме вкусна торта, убава црква и немавме проблеми со пари. Сè беше совршено — додека не дојде времето за пробување фустани.

Јас ја повикав мајка ми, сестра ми и Гиа да одат со мене на пробување фустани, додека Ноа беше на пробување костуми со неговиот кум, татко му и деверот, Перси. Перси и јас сме блиски, но никогаш не на тој начин. За време на пробувањето фустани, Гиа исчезна на околу еден час. О, уште нешто треба да додадам. Гиа има свршеник и треба да се венчаат следната година. Како и да е, сите ја бараа каде е Гиа, се додека Перси не ми испрати порака велејќи дека и Ноа го нема веќе некое време. Се разбира, почна да ме фаќа паника мислејќи дека се заедно, (не ми пречи да се дружат, само чувствував дека нешто не е во ред) Конечно ги најдовме ЗАЕДНО, не правеа ништо туку ПРОБУВАА. Гиа пробуваше венчаница, а Ноа беше со неа и пробуваше костуми.Таа рече дека сака да ги проба фустаните порано за да заштеди време и дека го натерала Ноа да се претставува како нејзин сопруг. Ова беше очигледен црвен аларм, но го игнорирав.

 

Минуваа месеци, а Ноа почна да се однесува чудно — ги менуваше лозинките, доаѓаше доцна дома, итн. Мојата старосватица исто така стана дистанцирана и никогаш не одговараше или доаѓаше кога ја канев на гости.

Конечно дојде денот на мојат свадба. Моите деверуши и јас изгледавме прекрасно, вклучително и Гиа. Почна церемонијата, и јас одам по патеката, но младоженецот не е таму, ниту мојата старосватица. Да, ме фати паника, сите почнаа да гледаат. Пет минути подоцна, се појавија двајцата и се венчавме.

Потоа се поминуваше во најдобар ред. Ја исековме тортата и погодете што! Старосватицата и младоженецот пак исчезнаа! Почнавме да ги бараме и ја сретнав мојата деверуша Мери која ми кажа како тие цела ноќ излегувале надвор за да се бакнуваат. Таа ми покажа докази. Малку е да се каже дека збеснав.

За првиот танц, тие доцнеа, и јас бев огорчена. Му газев на стапалата кога можев. По танцот, тие повторно исчезнаа нормално, а јас го зедов микрофонот и на сите присутни им кажав што прават. Сите беа шокирани, и им реков да молчат додека не ги фатам или не го оставам Ноа.

Но, кога се вратија Ноа и Гиа мислам дека веќе знаеја дека знам. Дојде фрлањето на бидермаерот и погодете кој го фати? Гиа! И во тој момент јас се фаќам за уста во неверување и сфаќам дека МИ ГО НЕМА ПРСТЕНОТ. Одеднаш го гледам Ноа како клекнува на едно колено и пред сите признава дека имале афера. Тој рече дека не ме сака повеќе и дека посакувал Гиа да била во бел фустан. Свршеникот на Гиа исто така беше таму. Ноа ја побара за жена со МОЈОТ прстен. Гиа имаше храброст да ми се извини и да побара да бидеме пријателки. Остатокот од венчавката беше катастрофа за нив. Сите ги укорија, свршеникот на Гиа нормално и раскина и тие си заминаа рано. Моите свекор и свекрва понудија да ги покријат трошоците, но јас одбив.

Еден месец подоцна, немам долгови бидејќи ја добив куќата и поголемиот дел од парите по разводот. Шест месеци подоцна, сум добро и почнав да се забавувам со Перси. Гиа и Ноа раскинаа и се обидоа да ме контактираат. Според гласините, Ноа едвај врзува крај со крај бидејќи неговите родители го исфрлиле, а Гиа живее со нејзините родители, но сè уште се обидува да бидеме пријателки.

Ноа пак сега се обидува да ја „рестартира“ нашата врска. Перси ме носи на одмор во Хаваи, а Гиа и Ноа, кои сега живеат на Алјаска, се очајни да ги обноват нашите врски.

  • Sase напиша:

    Americki film ne otruvte so gluposti

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *