„Мојот сопруг ми плаќа 100 долари месечно за да готвам и средувам по дома – многу е подобро кога имаш „шеф“ кој се грижи за тебе“
Жена која ја оставила својата работа за да стане традиционална домаќинка открила дека нејзиниот сопруг ѝ плаќа 100 долари неделно за да се грижи за него и домаќинството.
Алиса „Али“ Ди (28) го запознала својот идниот сопруг, Том (51) додека двајцата работеле во војската. Но, по нивната веридба, таа решила да ги стави своите амбиции на пауза и да ја напушти својата професија за да се фокусира на грижата за него и нивниот дом. Таа објаснила дека оваа одлука била донесена затоа што почувствувала дека Том сака да ѝ посвети повеќе внимание.
Али сега го минува денот готвејќи, чистејќи и правејќи други домаќински обврски додека Том е на работа, а тој ѝ плаќа 100 долари неделно во замена. И покрај негативните коментари од интернет-троловите, Али уверува дека е многу „посреќна“ вака и препорачува на сите жени да го следат нејзиниот пример.
„Мојот сопруг ме вработи да се грижам за домот“, изјавила таа.
Али, која е со Том веќе две и пол години и е бремена со нивното прво дете, истакнала дека нејзината одлука да престане да работи била нејзина идеја.
„Не знаев дека сакам традиционална врска. Искрено“, додал Том. „Додека не започнав врска со Али не знаев колку е прекрасно да имаш традиционална врска, каде има јасна поделба на родови улоги“.
Том објаснил дека започнал да ѝ дава 100 долари неделно за да може да се почасти со „грицки и кафе“, како и понекогаш да оди на шопинг.
„Ги откажавме сите нејзини кредитни картички и отворивме нови под мојот акаунт, така што сега можам да ги гледам сите нејзини купувања“, открил тој.
Али изјавила дека ужива во тоа што не мора да се грижи за финансии и дека сите тие обврски ги оставила на својот сопруг.
„Алтернативата е да одам на вистинска работа со вистински шеф. Запомни, тоа е човек што не се грижи за тебе“, рекла таа.
Али често ја документира својата рутина на „YouTube“, каде што има над 182.000 претплатници. Таа вели дека многу луѓе прават неправедни „предпоставки“ за неа и ја нарекуваат „мрза“ или „необразована“.
На крајот, Али и Том уверуваат дека следењето на традиционалните родови улоги ја зајакнало нивната романса.
„Не можеш да ги откажеш генетиката и биологијата,“ додал Том. „Јас сум маж и можам да излезам и да обезбедам ресурси, и се чувствувам одлично“.
„Мислам дека повеќето современи врски не се среќни, мажите се однесуваат како жени, а жените како мажи, и кога ќе се соединат, имаат многу нерамнотежен динамика“, заклучила Али.
Коментирај анонимно