„Мојот вереник заработува 200.000 долари годишно, но ме запроси со прстен од 38 долари – му се налутив, а тој ми рече да си купам нов сама со свои пари!“
Една жена се посомневала во својата врска откако нејзиниот свршеник ѝ предложил брак со прстен од 38 долари, купен на страницата „Temu“. Американката, 27-годишна, го споделила искуството анонимно на Reddit, објаснувајќи дека нејзиниот партнер, кој заработува околу 200,000 долари годишно, избрал да ѝ купи ваков прстен.
Жената, иако разочарана, го прифатила предлогот, но реакциите на корисниците на Reddit ја советуваат да ја прекине свршувачката. Прстените на „Temu“, познати по своите достапни цени, се карактеризираат со сребро 925 и дел од купувачите споменуваат дека на прстите им останува зелени траги, што буди сомнеж за квалитетот на материјалите.
Жената објаснила дека првично ѝ се допаднал прстенот, кој бил со овален камен и „дијаманти“, но дознала дека е купен на „Temu“ откако го прашала свршеникот за потеклото на прстенот. По конфронтацијата, тој спиел на каучот и подоцна се извинил, иако инсистирал дека прстенот е висококвалитетен и дека ќе го замени доколку се оштети. Понудил таа да си купи нов со свои пари, додека тој останува на ставот дека проблемот е „завршена работа“.
Корисниците на Reddit едногласно ја советуваат жената да ја прекине свршувачката, нагласувајќи дека таа веќе има увид во однесувањето на својот партнер. Еден коментар вели: „Ова ќе ти биде иднината ако се омажиш за него. Веќе ти покажува кој е навистина“. Друг коментира: „Девојко, бегај! Покажува што да очекуваш од брак со него“.
Зошто да потроши мало богатство на некој што може да го одбие предлогот или подоцна да му избега?! Сепак, прстенот за свадба би можел да бида далеку поскап…
Коментирај анонимно