Молитвата “Оче Наш“ на Македонски јазик (во Ерусалим)
Кармелискиот манастир, се наоѓа над Елеонската Гора во Ерусалим.
Црквата се нарекува Елеонска и се наоѓа над пештерата, за која се верува дека повторно ќе се случи вознесението.
На ова место, Исус за последен пат ги собрал своите апостоли и ги научил на Молитвата “Оче Наш“.
Во Кармелискиот манастир, кој се наоѓа над Елеонската Гора во Ерусалим, досега се поставени 161 плоча со текст на молитвата на различни јазици, а македонската е 155 по ред.
Молитвата “Оче Наш“ на Македонски јазик се наоѓа од десната страна на ѕидот, пред самиот влез во храмот. Со гордост и задоволство можам да кажам дека зазема почесно место и невозможно е, а да не се забележи тоа.
Оче наш
Оче наш, кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши како и ние што им ги проштеваме на нашите должници; и не нè воведувај во искушение, но избави нè од лукавиот.
Амин!
Коментирај анонимно