Момче и девојка купиле куќа без да ја видат во живо и подоцна дознале дека крие една „видлива“ тајна

Со постојаните ограничувања на пандемијата, на многу луѓе им беше тешко да си купат куќа или стан. Овој пар од САД иако сакал да ја разгледа куќата, да ги коментира грдите ѕидови и да ги допира работите во неа со недезинфицирани раце сепак поради ситуацијата не можеле.

Така тие како и многу други биле приморани на интернет да ја разгледаат куќата и да се замислат како живеат таму. Како што може да очекувате, ова предизвика неколку изненадувања.

На видео, Тиктокерката Sissyhankshaw објасни дека таа и нејзиниот партнер ја купиле својата нова куќа преку Интернет без претходно да ја видат.

„Кога конечно ја видовме во живо по два месеци преку Интернет, сфативме дека има нешто многу чудно во тоа што не го забележавме во 18-те слики во кои зјапавме во последните неколку месеци.“, вели таа.

@sissyhankshaw

When you buy a house without ever seeing it in person before, check for secret rooms I guess ??????

♬ original sound – Raine

Самата куќа е прекрасна, со прилично црвен екстериер. Носејќи ја камерата кон нејзината работна соба таа објасни дека има тајна таванска просторија кон задната страна, во која не може да се пристапи од која било друга просторија во куќата. Тие можеа да го видат прозорецот на собата од надворешноста на имотот, но влегувањето беше сосема друга работа.

@sissyhankshaw

Reply to @kyliemeliss

♬ original sound – Raine

Оставајќи ги своите следбеници во неизвесност, девојката се врати малку подоцна со продолжение на видеото во кое покажува како всушност провалува во тајната просторија со одвртување на две големи квадратни плочи од ѕидот.

@sissyhankshaw

Ok part two for you weirdos!!!!!

♬ original sound – Raine

Поглед во внатрешноста на таванската просторија открива завршени подови и многу природна светлина како и нови жици и нов покрив, што укажува на тоа дека некој бил неодамна таму горе. На девојката ѝ е чудно зошто претходните сопственици потрошиле толку пари, а не ја довршиле просторијата.

Реакциите кон собата беа различни. Додека една личност коментирала дека тоа би била: „симпатична скриена библиотека“, друга поискрена индивидуа ѝ напиша: „Девојкоо затвори го тоа опседнато е!“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.