Момче кое собирало ѓубре за да може да си дозволи факултет, сега ќе оди на еден од најпрестижните

На 18 години, Рехан Статон имал финансиски проблеми, болести и последици од голема спортска повреда, при што околностите го спречуваа да ги оствари соништата. Рехан, од Боуви, Мериленд и неговиот брат, Реџи биле одгледани од нивниот татко откако нивната мајка го напуштила семејниот дом кога Рехан имал само осум години. Одеднаш таткото на Рехан морал да работи на две, а понекогаш и на 3 работни места за да го издржува семејството.

Соочени со тешкотии дома, оценките на Рехан почнале да страдаат кога тој дошол до седмо одделение, а наставникот дури и му предложил продолжителна настава. Тогаш, таткото на Рехан преземал нешто за да го врати својот син на вистинскиот пат. Во тоа му помогнал воздухопловен инженер што го запознал во центарот на заедницата, нудејќи му на Рехан да го подучува бесплатно во текот на целата учебна година.

„Таа година завршив како ученик на генерацијата. Истиот професор кој ми предложи да бидам ставен на специјално образование, всушност напиша писмо за извинување на татко ми.“, вели Рехан. Додека продолжувал да се подобрува во неговите академски перформанси, Рехан ги разви своите таленти за атлетика и боречки вештини.

За жал, Рехан претрпе уште еден неуспех откако го повредил рамото во 12-то одделение и му било кажано дека нема да може професионално да се занимава со спорт. Тој поднел задоцнето барање за запишување на колеџ, но бил одбиен од неколку места.

Рехан почнал да работи како ѓубреџија за да го издржи семејството, но неговите колеги веднаш го приметиле потенцијалот на младото момче. Некои од неговите колеги решиле да разговараат со синот на сопствениците на компанијата за камиони за отпадоци, Брент Бејтс, за академското ветување на Рехан. Тогаш Бејтс го запозна Рехан со професор на државниот универзитет Боуви.

Овој професор остана длабоко воодушевен од очигледната интелигенција на Рехан и упати жалба до одборот за прием на колеџ. Рехан започна да студира за додипломски студии на Боуви Универзитетот и постигнал неверојатен успех. Рехан повторно започнал да цвета академски, станал претседател на разни организации и освојувајќи бројни стипендиски признанија.

По две години на овој универзитет Рехан сфатил дека сака да студира право на Универзитетот во Мериленд, дипломирајќи во 2018 година. Тој целиот период работел како ѓубреџија и вели дека понекогаш немал време да се истушира и се срамел дека им пречи на луѓето со својот мирис.

Тој дури и го држел говорот за време на дипломирањето. Потоа полагал тешки приемни тестови додека се борел сос томачна болест. И покрај неговите бројни пречки, Рехан бил прифатен во разни високо ценети правни училишта, вклучувајќи ги Колумбија, Универзитетот во Пенсилванија, Универзитетот во Јужна Калифорнија, Пепердин и Харвард.

Рехан сега се подготвува да ги започне часовите преку Интернет на Харвард оваа есен. Тој, исто така, има намера да им помогне на другите млади луѓе да го достигнат својот потенцијал, нудејќи ги своите услуги во туторство и советување.