Момче секој ден оди до затвореното училиште за да присуствува на онлајн часови, затоа што дома нема интернет

Колку дека имаат иста или слична слудбина поради онлајн наставата? Без разлика каде и да се наоѓаат во светот овој проблем е глобален и може да му се случи на секој. На едно деветгодишно момче не му преостануваше ништо друго освен да пешачи до неговото затворено училиште секој ден, со цел да пристапи до WiFi среде пандемијата.

Училиштето во Росвел, Ново Мексико се уште не е отворено па неговите ученици ги следат часовите преку онлајн настава. Ова можеби не претставува голем проблем за децата со пристап до компјутер и интернет дома, но семејството на деветгодишниот Џонатон Ендекот не може да си дозволи пристап дон интернет бидејќи неговата мајка Ангел ја изгубила работата поради пандемијата.

Џонатон сега оди до училиштето секој ден како што би правел кога работите беа нормални. Тој вели дека не му пречи многу што го прави ова. Иако затворено во училишната зграда има неколку членови на персоналот. Директорот, секретарката и некои наставници редовно излегуваат за да го проверат Џонатон.

Сепак откако била објавена фотографија од детето како следи онлајн настава пред вратите на училиштето некој хуман анонимен човек се пријавил да му плати интернет за една година, за да може момчето да следи настава и од дома и да го користи за пишување на домашни задачи, контакт со пријателите и слично.