Момчето кое на 2 години пушеше по 40 цигари дневно се откажа од пушењето
Малиот Арди Ризал од островот Суматра, Индонезија, беше славен на Мотика пред неколку години, кога на своите 2 години беше голем зависник од пушењето и пушеше по 40 цигари на ден. За среќа сега тој порасна и се промени до непрепознатливост.
Првата цигара на Ризал му ја дал татко му, кога имал година и пол. Момчето брзо станало зависно од тутун и на две години пушеше по 40 цигари дневно. Детето брзо развило толку силна зависност и кога не му давале цигара, почнало да си ја удира главата во ѕид.
За да му помогне на синот да ја надмине зависноста, мајката на Ризал го однела на доктор. Како резултат на тоа, детето успеало да се откаже од цигарите, но ја променило едната зависност во друга и почнало да се прејадува. Во тоа време, тој можеше да јаде три лименки кондензирано млеко во еден ден.
Родителите на момчето решиле да не се откажуваат и се обратиле за помош кај нутриционист, кој за Ризал направил индивидуална програма за исхрана. Здравата храна му помогна на момчето да ослабне и да стане во добра физичка форма. Сега Ризал има 13 години: не пуши и секој ден јаде свежа риба, зеленчук и овошје.







