Момче генијалец кое изјави дека ќе направи океаните да се чистат сами создадени соларни погони што ги чистат реките

Сите ние од време на време поминуваме низ промена на животот, без разлика дали тоа е во врска со нашата работа или личен живот. Но, некои од нас се инспирирани да променат многу повеќе. Токму ваков пат реши да помине Холанѓанецот Бојан Слат.

Тој кога имал 16 години бил на нуркање во Грција и забележал повеќе пластика отколку риби во близина на брегот, така тој се заколнал дека еден ден ќе направи нешто во врска со тоа.

Но, тој тогаш не ни помислил дека ќе го започне проектот „Чистење на океаните“ две години подоцна и ќе создаде пасивен пловечки уред кој собира пластика. Но, тој не застана тука и неодамна ги создаде овие соларни чамци за да ја исчисти пластиката од реките и да ја спречи да заврши во океаните.

Бојан Слат, 25-годишен холандски изумител и претприемач се справува со проблемот со загадувањето на океаните уште од 2011 година. Непрофитниот фонд успеа да собере два контејнери за испорака полни со ѓубре од областа низ годините. Но, Бојан сфати дека повеќе би се свртел кон изворот отколку да се обиде да го решава проблемот со „лекување на симптомите“. Инженерот откри дека 1000 реки низ целиот свет се извор на околу 80 проценти од пластиката што завршува во океаните.

Најновиот изум на „Чистење на океаните“ „Инцептор“ беше создаден за да се реши тој проблем. Сончевиот погон е создаден специјално за да ги исцица остатоците од реките во контејнери, а потоа да ги донесат на копно за рециклирање.

Се надеваме дека ќе има по некој „Инцептор“ во сите најзагадени реки во светот до 2025 година. Но, за сега, тие веќе работат на чистење на реката Кланг во Куала Лумпур, Малезија и Ценкаренг во Џакарта, Индонезија.