Момче, извидник направи генијален уред кој им помага на медицинските лица поудобрно и побезбедно да се борат во првите редови

Медицинскиот персонал се труди да им помогне на пациентите низ светот за време на оваа пандемија. Но, за да го направат тоа потребна им е соодветна заштита.

На персоналот им се потребни ракавици, наметки, маски за лице, па дури и целосни заштитни штитови за лице за да се заштитат себеси, при што многумина треба да ја носат непријатната опрема со часови додека не им заврши работното време.

Не е опција да се извади опремата за време на работното време, а маските оставаат белези на лицата на медицинскиот пероснал бидејќи ги стегаат. Младиот извидник Квин Календер, од Британска Колумбија, Канада, сакаше да стори нешто што може за да им помогне на оние што се наоѓаат во првите борбени редови и така одговори на барањето на локалните болници кои барале некој да им направи „штитници за ушите“.

Пластичните направи се прицврстуваат на лентите на заштитни маски за лице и ги држат на место задниот дел од главата на работниците, со што го симнуваат притисокот од ушите.

Квин ги искористил своите способности за 3Д принтање за да направи повеќе примероци од овие направи и да ги донира на локалната болница.