Момче сподели фотографија од моментот кога се предозирал со хероин за да ги предупреди луѓето од опасноста
Човек кој бил на апарати и морал да научи како повторно да оди сподели застрашувачка фотографија од себе во моментот кога се предозирал од хероин како предупредување за останатите.
Грант Кларк, од Хјустон, Тексас, оттогаш се запишал на колеџ и вети дека ќе остане „чист“ во потрага по подобар живот за себе. 19-годишниот работи со скратено работно време во продавницата за миленичиња на неговата мајка и ќе го започне својот прв ден на колеџ за помалку од две недели.
Сепак, животот на Грант не бил секогаш лесен. Уште кога бил само мало дете тој бил сведок на злоупотребата и насилството на неговиот татко кон неговата мајка и неговите постојани изневерувања. Неговите родители се разделиле кога тој имал 10 години, а Грант живеел со својата мајка, брат и сестра во заедничко домаќинство.
Кога имал само 12 години за прв пат пробал алкохол, а наскоро почнал да пуши и марихуана. Грант открил дека интоксикацијата веднаш го ослободувала од неговата огромна вознемиреност и депресија и исто така помогнала да се намалат болките. Наскоро тој почнал да експериментира и со потешки дроги.
На 13 години, Грант ја примил својата прва доза кокаин и само една година подоцна, започнал да зема хероин и лекови против болка како што се морфиум и хидрокодон. Грант се свртел кон хероин како начин да се справи со стресот, опишувајќи го како „лулка со топло ќебе“, што помогнала да исчезнат неговите грижи.
Првото предозирање го имал на 14 години и заминал на рехабилизатија, но тогаш не успеал да ја надмине зависноста. Тој почнал да продава дрога и еднаш ограбил и продавница за да купи хероин.
Од 5-те пати кои се предозирал, тој бил хоспитализиран 3 пати, а последното предозирање било крајното предупредување: „Најновото беше моето најлошо. Имав слабост на црниот дроб, откажување на бубрезите, респираторна слабост и срцева слабост. Бев на апарати за одржување во живот 4 дена, а додека истовремено имав пневмонија и обична настинка. Се разбудив и не знаев како да одам, ми требаше една недела за повторно да научам.“, вели тој.
Сега ќе тргне на колеџ, ги обновил врските со блиското семејство и неговата девојка и оди на состаноци за поранешни зависници од дрога и алкохол. Тој веќе е 3 месеци чист и не планира да се врати на стариот живот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!