Момченце доби прекрасен подарок од неговиот неодамна починат татко

13-годишниот Логан Кавалускис отсекогаш сакал да чува куче, но неговото семејство не можело да му дозволи затоа шро неговиот татко бил алергичен на кучиња. Сепак неговиот татко Џо најмногу од сѐ сакал неговиот син да е среќен.

За жал тој не успела да остане во животот на неговиот син и да го гледа како расте, откако ја изгубил 9-годишната битка со ракот. Но, пронашол начин како да го усреќи Логан и по неговата смрт.

Откако сфатил дека деновите му се избројани Џо разговарал со својата сопруга и братучедот, откако тој ќе почине да му најдат кученце на Логан за неговиот роденден. Џо починал само 5 дена пред роденденот на малиот Логан. Така братучедот и мајката на Логан решиле да ја исполнат последната желба на Џо. Тие му кажале на тинејџерот дека ќе одат да соберат кученце, но не и дека тоа е за него. Откако Логан дознава од кого и за кого е кучето неговата реакција едноставно ги крши и топли срцата во исто време.